Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМинистерската работна група ги прецизира мерките од делот шест од планот „3-6-9“

Министерската работна група ги прецизира мерките од делот шест од планот „3-6-9“

Сите предвидени мерки од делот три од планот „3-6-9“ досега се реализирани, беше заклучено на денешниот состанок на министерската работна група, со која претседаваше премиерот Зоран Заев. На состанокот беа прецизирани мерките и реформите од делот шест на планот.

Министрите информираа дека е подготвен детален план за активностите и мерките кои треба да се реализираат во периодот до декември – јануари, кога ќе се финализира и делот шест од планот „3-6-9“.

Најголем дел од реформите и законските измени се од областа на правосудството, реформа на разузнавачките служби, борбата против корупцијата, тероризмот и насилниот екстремизам, медиумите и реформи во областа на јавната администрација.

По направените консултации на денешниот состанок беше заклучено дека следните чекори од планот „3-6-9“, во делот 6 и 9 ќе ги усвои Владата на следната седница, а во меѓувреме ќе ги консултира со Европската комисија и другите релевантни фактори.

На денешниот состанок, премиерот Заев исто така ги задолжи ресорните министри за законите предвидени со Планот 3-6-9, во делот 6, а кои треба да се донесат до крајот на годинава, да побараат и да добијат мислење од претставници од опозицијата.

Министрите на состанокот ги презентираа и мерките кои според планот „3-6-9“, треба да се реализираат до крајот на март, следната година.

Денешниот состанок на Министерската работна група за следење на спроведувањето на планот „3-6-9“ е дел од механизмот што го воспостави Владата на РМ, преку кој редовно, се следи имплементацијата на планот.

За текот на имплементацијата соодветно се информираат Собранието, ЕК и земјите-членки на ЕУ, како и граѓанското општество експертската и пошироката јавност.

POST TAGS: