Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕУ во хаос – Автобусите со мигранти пренасочени кон Хрватска

ЕУ во хаос – Автобусите со мигранти пренасочени кон Хрватска

Со затворањето на граничните премини на Унгарија со Србија дојде до хаотични пресврти во автобуската рута со која се превезуваат миргантите. На автобуските станици во Прешево се подготвуваат повеќе автобуси за тргнување со поставени табли на кои го пишува името на градот Шид.

Српски Блиц јави дека на возачите им било кажано да не застануваат сѐ додека сите бегалци не бидат префрлени до границата со Хрватска. Покрај тоа, полицијата сите автобуси кои евентуално тргнале кон границата со Унгарија ги пренасочува кон Хрватска. Хрватските власти уверуваат дека се подготвени да примат голем бран на бегалци, но се изнесени детали.