Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМетодија Величковски нов началник на Генералштаб

Методија Величковски нов началник на Генералштаб

Началникот на Генералштабот Горанчо Котески вчера беше разрешен од функцијата, а како негов заменик е поставен Методија Величковски. Формациското место за началник на генерал штаб е генерал потполковник и според законот за служба во АРМ може на тоа место да се постави генерал мајор со поминати 2 години на формациско место. Генерал мајорот Методија Величковски ги исполнува условите, бидејќи од март 2012 извршува должност Командант на ЗОК со чин генерал мајор.
koteskiДосегашниотначалник на Генералштабот, Горанчо Котевски, е поставен за државен советник за одбранбени и стратегиски прашања, а должноста ќе ја извршува во Кабинетот на претседателот како советник за воени прашања на врховниот командант. Дел од неговата идна мисија се активностите за следниот самит на НАТО во Варшава и подготвување на стратегиските документи за системот за одбрана и членството на Македонија во НАТО.

Претседателот Ѓорѓе Иванов потпишал рекордни 15 укази за поставување на старешини на формациски места генерали, унапредување и разрешување на генерали.