Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Топлиот тренд продолжува

Метео: Топлиот тренд продолжува

Временските прилики во Македонија генерално се подобруваат и може да очекуваме се постабилно и потопло време со високи температури кои во текот на денот ќе достигнат и близу 30-от степен.

Утрото ќе биде доста топло со просек од 11 степени, а во подоцнежните часови температурата постојано ќе се зголемува за максимални 26 степени. Попладне ќе дојде до мала и речиси незабележлива облачност, но не се очекуваат никакви врнежи.