Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Студен понеделник, најава за големо заладување

МЕТЕО: Студен понеделник, најава за големо заладување

Денешното утро е претежно облачно, со локални краткотрајни услови за врнежи. Облачноста значително ќе се намали претпладне во западниот регион, додека во источниот облачноста ќе се задржи до вечерта. Западниот регион попладне ќе биде претежно ведар.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж повардарие умерен, повремено и засилен северозападен ветер.
Наутро минималната температура низ котлините ќе биде во дијапазонот од -5°С до -9°С, а на повисоките места од -10°С до -13°С.

Температурата во текот на денот низ котлините ќе има вредности во дијапазонот од -4°С до -1°С, на повисоките места од -5°С до -8°С, а на југоисток околу 0°С.

Во Скопје имаме умерена облачност со тенденција на намалување на истата од пладне кон вечерта. Минималната температура ќе се спушти до -6°С, а дневната ќе достигне максимум до -2°С.

Во наредните денови се очекува драстичен пад на температурите кога во текот на утрешното утро и денот среда се очекува температури и до 19 степени под нулата. Читајте Метео и Позитив за времето да не ве изненади.

Ви посакуваме успешен ден!