Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Сончева сабота, идеална за прошетка со блиските!

МЕТЕО: Сончева сабота, идеална за прошетка со блиските!

Земајќи ги сите фактори в предвид, денешниот ден ќе биде релативно сончев и ветровит. Ветерот ќе биде југоисточен и југозападен во однос на правецот, а умерен во однос на брзината. Мала до умерена појава на облачност утрово имаме во западниот дел на државата. Во текот на попладневниот период постепено ќе се наголемува облачноста, но целосно наоблачување очекуваме дури во текот на ноќните часови.

Утрово температурата се движи помеѓу -2°С и 2°С. Претстојниот ден ќе биде пријатен и потопол од вчера, па така максималната температура во северните котлини ќе има вредност околу 9°С, односно во јужните околу 12°С степени.

Скопската котлина утрово има мала до умерена облачност со подолги сончеви периоди, а така се очекува да продолжи и во текот на денот. Утрово температурата се движи околу негативниот втор степен, односно преку ден очекуваме максимално достигнување од 9°С степени.

Во недела не очекува сончево и релативно време со локални повремени врнежи од дожд во западните региони и максимална температура до 15 степени.

Тимот на „Позитив Метео“ ви посакува релаксиран прв ден од викендот, излезете надвор и прошетајте на јануарското сонце, а доколку сепак решите денот да го поминете дома со најблиските уживајте со содржините кои ги подготвува информативниот и забавен тим на секогаш позитив-ниот портал!
Уживајте во првиот ден од викендот!