Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Работната недела ја започнуваме со натпросечно топло време!

МЕТЕО: Работната недела ја започнуваме со натпросечно топло време!

Првиот работен ден ни започна со ведро небо на повисоките места, додека локално по котлините и речните долини имаме појава на слаба магла и заматен видик односно последици од загадувањето. Оваа замагленост очекуваме да се расчисти уште во текот на ова утро. За попладнето, според прогнозата, се очекува формирање на зголемена облачност во западниот и северен дел од нашата држава.
За потоа, во текот на ноќта да уследат врнежи од дожд со локален карактер особено во повисоките места на западниот регион.

За утрово, споредено со мерењата од изминатите години, слободно може да кажеме дека е навистина топло со температури од 1°С до 5°С. На повисоките и планински места денеска претстои прилично топол јануарски ден, во којшто максималната дневна температура нема да го надмине 13тиот степен. Во гевгелиско – дојранскиот регион максималната ќе има вредност околу 15°С, а низ останатите колини околу 12°С.

Во македонската метропола имаме појава на слаба до умерена магла утрово, а во остатокот од денот ни претстои претежно ведро време. Температурава утрово изнесува помеѓу нула и 2 степени во зависност од мерната локација, додека максималната дневна очекуваме да го заокружи 10тиот степен целзиусов.

Тимот на „Метео“ ви посакува успешен старт на работаната недела, Ви посакуваме позитивиен ден со добро расположение кое го гарантираме доколку се одлучите и денес да бидете со нашите содржини.
Следете не`!