Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Последниот ден од викендот најавува облачност и нијанса потопло време!

МЕТЕО: Последниот ден од викендот најавува облачност и нијанса потопло време!

Во текот на ова неделно утро имаме умерено облачно време, а во јужниот дел појавва на слаба облачност, која во текот на денот ќе се формира низ целата држава за вечерта целосно да бидеме под облачна маса. Ваквото влијание на облачноста над Македонија ќе услови и нијанса потопло време денеска и утре.

Утрово, стандардно е многу студено со температури од -10°С до -15°С низ котлините, односно -17°С на повисоките места. Иако вчера во Берово беа измерени рекодрно ниски -20 степени, за денеска и утрешниот ден вакви екстреми не се очекуваат.

Недела, преку ден ќе биде само малку потопла во однос на сабота, но и покрај тоа сеуште може да кажеме дека е навистина студено. Низ котлините максималната ќе има вредности помеѓу 0°С и 3°С, а на југоисток околу 5°С.

Во Скопје имаме претежно сончево утро, а очекуваме промени во умерено облачно време околу пладне и облачно во текот на вечерта кон понеделник. Минимална температура на Зајчев Рид утрово во 7 часот изнесуваше -14°С, односно -13°С во Петровец. Во текот на денешниот ден очекуваме температурен достиг од максимални 2°С.

Уредникот на Метео Ви посакува пријатен одмор во последниот ден пред почетокот на новата работна недела…
Читајте Позитив и денеска, за вас подготвуваме одлични содржини! 🙂