Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Многу посвежо со посилен ветар, но и облаци

Метео: Многу посвежо со посилен ветар, но и облаци

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и во западните и источните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Т-мин. од 4 до 11 а т-макс. 10 до 17 степени.

Во Скопје не очекува променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата во интервал од 6 до 15 степени.

Позначителна промена на времето ќе започне денес попладне, а ќе трае и преку ноќта, кога преку нашата земја ќе помине влажен бран од север проследен со повремено поројни врнежи од дожд особено во северезаоадните и источните делови од земјава. На повисоките планини особено на северозапд ќе има и појава на повремен снег. Утре ќе има и ретка појава на грмежи претежно на југозапад на земјта.

Повремено засилен северен ветер ќе дува и преку ноќта и во текот на утрешниот ден и тој утре ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Од вторник ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на темпераатурите, а потоа од ноќта кон четврток нов и значително постуден бран ќе донесе нови врнежи, силен ветер и повремен снег на високите планини претежно во северните делови.