Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Денеска за нијанса потопло, следува сончев и студен викенд!

МЕТЕО: Денеска за нијанса потопло, следува сончев и студен викенд!

Денов го започнуваме со мала облачност која е присутна од изминатата вечер. Оваа облачност сеуште условува провејување на снег во планинските и повисоки места. Ваквата состојба релативно брзо ќе се расчисти во текот на претпладнево скоро насекаде низ земјава, со исклучок на западните региони кои ќе останат под влијание на облачноста до пладне. Во текот на денот, а особено навечер ќе биде ведро и студено.

Облачноста која ја покрива нашата држава придонесе да имаме нешто повисоки температури за разлика од вчера, односно минималната температура утрово се движи помеѓу -5°С и -8°С на пониските места, односно -10°С на повисоките места.
Последниот работен ден ќе биде релативно студен. Низ поголемиот дел од котлините температурниот максимум нема да го надмине нултиот степен, односно ќе се движи помеѓу -3°С и 0°С степени, а на југоисток околу 1 степен.

Во нашиот главен град повторно очекуваме претежно сончево небо низ поголемиот дел од денот. Утрово имаме појава на мала до умерена облачност и температури од -9 на Зајчев рид, односно -8 на Петровец измерени во 7 часот. Најтопло во текот на денот ќе биде околу 15 часот со максимални -2 степени целзиусови.

Викендот кој претстои ќе биде релативно студен, особено во сабота. Студеното време ќе биде придружувано од ведро и сончево време. Мала, локална облачност е возможна во текот на првиот ден од викендот, но низ целата држава се очекува „чисто“ небо, што е одлична можност за прошетка до некој од нашите ски-центри.
Недела се очекува да биде претежно облачна. Оваа облачност може да услови провејување на слаб снег, но пред се на планините, додека котлините остануваат без врнежи.

Тимот на „Метео“ Ви посакува успешен последен работен ден од неделава, исполнет со позитивни моменти. 🙂

Читајте „Позитив.мк“!