Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМенхенгладбах го донесе првото засилување за новата сезона

Менхенгладбах го донесе првото засилување за новата сезона

Борусија Менхенгладбах го донесе првото засилување за новата сезона, тоа е Италијанецот Винченцо Грифо од Фрајбург.

24-годишниот играч од средниот ред со доста офанзивни задачи потпиша договор со Менхенгладбах на 5 години. Тој ја започна својата кариера во помладите категории на нисколигашите во Германија, каде што во една сезона постигна 53 голови. Ова беше добра промоција за него при што следеше трансфер во Карлсруе, а потоа во Хофенхајм. Официјално деби во Бундеслигата забележа во 2012 година против екипата на Гројтер Фурт.

Во последните две сезони играше во Фрајбург, каде одигра 61 натпревар и постигна 20 гола.