Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЈугохромци бараат средба со Ахмети

Југохромци бараат средба со Ахмети

Вработените во „Југохром Алзар“ бараат средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да се разгледа можноста за фабриката во Јегуновце да почне повторно да работи.

Во нивниот допис до Ахмети се вели дека средбата ја бараат од две причини.

„Цврста определба од сопственикот на компанијата дека ќе инвестира во системот за отпрашување и во поставување филтри, што би се реализирало до 70 проценти до крајот на годината, а целосно би се завршило до март 2018 година. Ова би се реализирало доколку се одобри повторното почнување со работа на компанијата, бидејќи и покрај работењето во летен период, загадувањето е минимално, што е докажано. Компанијата би работела сè додека загадувањето е во дозволените граници, односно до доаѓање на зимскиот период кога загадувањето од повеќе причини е зголемено“, се вели во дописот на „Југохром“.

Оттаму потсетуваат дека синдикатот на компанијата минатиот период повеќепати протестираше и бараше средби со претставници од Владата за да се реши нивниот проблем.