Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМекејн: Напнатоста во Македонија е голема и ситуацијата излегува од контрола

Мекејн: Напнатоста во Македонија е голема и ситуацијата излегува од контрола

Потребен е поголем ангажман, посредување, во мошне динамичната и експлозивна состојба во Македонија. Не е во ничиј интерес да се распадне на Македонија, вели републикански сенатор од Аризона и поранешен претседателски кандидат Џон Мекејн во разговор за српската редакција на Гласот на Америка, осврнувајќи се на состојбата во регионот.

– Загрижен сум за Македонија. Не предвидувам војна или конфликт, но велам дека напнатоста е голема и ситуацијата излегува од контрола, и бара поголем ангажман од САД, но и од ЕУ – коментира претседавачот со Сенатската комисија за вооружените сили во Конгресот.