Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМехмедовиќ: Македонија ја направија земја на седативи

Мехмедовиќ: Македонија ја направија земја на седативи

Кога луѓето зборуваат за здравје, најчесто мислат за физичкото здравје. И знаете што се случува? Еве јас конкретно работам медицина на труд. Ќе дојде некој работник и вели: Докторе, јас не сум физички болен, ама воопшто не ми е добро. Имам заостанати сметки, ме притискаат извршители, со сопругата постојано се расправаме, не можам да одам на работа. Не е само физичката состојба здравје!
Здравјето значи психичка и социјална благосостојба. Ако тој работник не е концентриран на работното место, тој може себе да си нанесе штета. Може да наесе штета на некој друг.

Ова е дел од обраќањето на д-р Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здаравство на СДСМ, на дебатата организирана од Комисијата за здравство на СДСМ и Форум на жени на ОО на СДСМ Кисела Вода, за денешниот 7 април, Светски ден на здравјето.

– Затоа предизвикот пред којшто се наоѓаме, посебно ние во Македонија е да им помогнеме на луѓето. Знаете зошто посебно? Затоа што граѓаните малку зборуваат како се чувствуваат. Тие и не знаат дека ако е нарушена нивната социјална или емотивна состојба треба и мора да побараат помош. Затоа во нашата земја е толку голем бројот на граѓани кои се во депресија. Според официјлани податоци на Институтот за јавно здравје, од 2010 до 2015 година, тој процент е зголемен за 37 проценти. Бидејки СЗО го дефинира здравјето како целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци, прашањето што ќе треба да си го поставиме е што е тоа што ги загрижува луѓето, што ги вознемирува – рече Мехмедовиќ.

Тој вели дека граѓаните се исплашени од сиромаштијата, стравуваат за иднината на своите деца, изнемоштени се на работните места, а има бројни примери примери каде е загрозено здравјето на жените работничи на работните места, од разни причини.

– И кога Владата, како денешната во заминување е окупирана само со своите интерси наместо со проблемите на граѓаните, се случува ова – Македонија да биде земја на граѓани на седативи. Како одговорни лекари, како граѓани одговорни во политиката, или други во бизнисот, должни да ова да го смениме. Потребен е поинаков приод. Да работиме на превентивата, а не на справувањето со последиците – рече лекарот.