Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимMaжите и жените не стареат на ист начин

Maжите и жените не стареат на ист начин

Со текот на годините и мажите и жените доживуваат одредени промени кои на различни начини се манифестираат на изгледот и здравјето. Еве дел од највпечатливите разлики

Долговечност

Просечниот живот век за мажите во САД е  76,4 додека за жени 81,2 години, а податоците од СЗО покажале дека ситуацијата е слична и во остатокот од светот. Одредени студии укажуваат на можноста дека предноста на жените е последица на разликите во Y хромозомот. Други студии покажале дека жените полесно се носат со стресот и почесто одат на здравствени прегледи

Хормони

И мажите и жените доживуваат сексуални промени со текот на годините. Причини за тие промени се хормоните. Жените на околу 50 годишна возраст влегуваат во менопауза. Во тој период ја губат плодноста,престанува менструалниот циклус и јајниците престануваат со произведување на хоронот естроген.

Стареењето кај мажите не донесува такви нагли промени како кај жените. Нивото на тестостерон со текот на времето во просек опаѓа за 1% секоја година после 30тата.

Тежина

После 30тата година одржувањето на оптималната телесна тежина и кај мажите и кај жените претставува вистинска борба. Мажите добиваат на тежина до 50та година, а потоа почнуваат да губат килограми. Жените обично добиваат на тежина до 65 година, потоа и тие губат килограми поради губиток на мускулна маса