Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимФранција со нов закон ги забранува преслабите манекенки

Франција со нов закон ги забранува преслабите манекенки

Франција официјално се разделува со нездравата мода за ниска телесна тежина кај манекенките со стапувањето во сила на новиот закон од денес. Мерката има за цел да ги заштити младите девојки од опасната за животот анорексија и ги предвидува сите актуелни модели во земјата да обезбедат лекарско уверение дека нивниот индекс на телесна маса (БМИ) не е премногу низок и се во добра здравствена состојба.

Согласно вториот закон, кој ќе влезе во сила во октомври, сите слики на модели кои биле изменети преку компјутерска програма ќе подлежат на кривична одговорност.

Во соопштението Министерството за здравство објаснува дека овие чекори се обид за “избегнување на популаризацијата на невозможни идеи за убавина”, како и израз на желбата за заштита на моделите кои се особено изложени на ризик од нормите. Документот на лекарот ќе биде валиден во рок од две години и ќе ги разгледува особено девојките со БМИ вредност под 18,5.

Работодавците кои ги прекршуваат овие закони, би можеле да добијат ефективна казна за шест месеци затвор и парична казна до 75 000 евра. Се проценува дека околу 600 000 млади луѓе страдаат од нарушувања во исхраната во Франција, вклучувајќи 40 000 луѓе дијагностицирани со анорексија.

Во меѓувреме хранливите растројства се претворија во втората најраспространета причина за смртта на 15-24-годишни, по сообраќајни несреќи. Новите одредби следат слични мерки преземени во Шпанија во 2006 година, кои забранија учество на модели со БМИ под 18 во Неделата на модата во Мадрид. Во Израел и Италија исто дејствуваат слични закони.