Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаMarlboro ќе се произведува во Прилеп

Marlboro ќе се произведува во Прилеп

Тутунски Комбинат Прилеп со заедничката компанија со Филип Морис ТКП започна со сопствено производство на една од најновите понуди на светски познатиот бренд Марлборо во Македонија. Marlboro Flavor Plus е уникатна и иновативна понуда, како во поглед на производот така и во дизајнот на пакувањето.

PMTKP_logo

Конечно започнавме со производство на MarlboroFlavor Plus во Македонија. Ова е една од најиновативните понуди од нашиот премиумбренд. Долгоочекуваното производство на Марлборо во Македонија ги покажува нашата верба во партнерството и дека тоа се движи во правилна насока. Истовремено, ја претставуваме на пазарот нашата прва понуда на тенки цигари: Fine Touch XL, кои се увезени од една од врвните светски фабрики на Philip Morris International. Двете нови понуди се иновации во поглед на нивното уникатно пакување и карактеристики на производот. Со ова, ние им нудиме производи од светска класа на возрасните пушачи во Македонија”, изјави Генералниот менаџер на ПМТКП, Емре Козлу.

Според Генералниот менаџер на Тутунски Комбинат Прилеп, Александар Дерменџиев, производството и лансирањето на Marlboro Flavor Plus е многу важен чекор за фабриката во Прилеп, проследено со производството на уште еден интернационален бренд на Philip Morris International, BondStreet.

„Модернизацијата на фабриката беше клучна за новите потфати. Значително го подобривме квалитетот и ефикасноста на производството. Оваа иницијатива е голем чекор за ТКП, но и голем чекор за Македонија”, додаде Дерменџиев.

Marlboro Flavor Plus е иновативен производ, кој содржи 3-зонски филтер со тутунски дел. Пакувањето на производот има подобрена заштита со неговиот патентиран систем за отворање и е меко на допир. Достапно е на пазарот по цена од 130 денари. Од друга страна пак, Marlboro Fine Touch XL е првата тенка цигара понудена од Марлборо во Македонија, дизајнирана да има послаб мирис поради нејзиниот уникатен микс, а со цена во малопродажба од 90 денари.