Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМанчевски: Пополнувањето на управните и надзорните одбори ќе се одвива постепено

Манчевски: Пополнувањето на управните и надзорните одбори ќе се одвива постепено

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека назначувањето на новите членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија, установи и агенции ќе се врши постепено како ќе се екипираат кадрите. Посочи дека е потребен одреден временски период за да се најдат соодветни кадри кои ќе ги исполнат условите што се бараат согласно законот.

„Бараме соодветни кадри за соодветните позиции. Вчерашната одлука на Владата значи само разрешување на членовите на управните и надзорните одбори. Оваа процедура ќе оди постепено како што ќе ги екипираме кадрите во соодветните институции, изјави министерот Манчевски“, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Сојузот на стопански комори на Македонија.

Според него, никој или ретко кој од сегашните директори ги исполнува условите согласно сегашниот закон бидејќи биле поставени на раководни позиции пред да бидат донесени законските одредби.

Министерот рече дека се размислува на државен трошок да биде проверката на одредени квалификации коишто се бараат од кандидатите при аплицирање за одредено работно место во администрацијата.