Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМанчевски: МРТ ќе одговара само пред Собранието

Манчевски: МРТ ќе одговара само пред Собранието

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стефансон разговараа за реформите во медиумската сфера, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и за јавниот радиодифузен сервис.

Манчевски се осврнал на промените во начинот на финансирање на МРТ и на воведувањето на четврт канал за малцинските заедници.

– МРТ нема повеќе да биде доведена во состојба да бара дополнителна финансиска поддршка од Владата, како што беше тоа случај кога средствата собрани од радиодифузната такса не беа доволни. Ова ќе придонесе кон стабилно финансирање на МРТ, МРД и АВМУ, односно тие повеќе нема да зависат од процентот на наплата на радиодифузната такса. На овој начин МРТ повеќе нема да треба да одговара пред Владата, туку со својата програма одговара само пред Собранието – истакнал Манчевски.

Амбасадорот Стефансон ги поздрави заложбите на МИОА за реформите кои ќе придонесат кон независен и силен јавен радиодифузен сервис.