Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакрон го назначи за Филип за премиер на Франција

Макрон го назначи за Филип за премиер на Франција

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска го постави пратеникот на конзервативците Едуар Филип за премиер, со што го одржа ветувањето од кампањата дека во француската политика ќе „воведе“ нови лица.

Четириесет и шестгодишниот Филип е член на Републиканската партија и не е доволно познат на гласачите.

На неговото именување за претседател на француската влада се гледа како обид на центристот Макрон да формира мнозинство во парламентот, привлекувајќи ја десницата.

Макрон вчера положи заклетва како нов претседател на Франција.