Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика(Фото) Македонското знаме во Рио на половина копје

(Фото) Македонското знаме во Рио на половина копје

Македонската олимписка делегација која во моментов се наоѓа во Рио де Жанеиро на Летните Олимписки игри, упати сочувство до семејствата на загинатите во временските непогоди кои го зафатија главниот град во изминатите два дена.

„Македонскиот олимписки комитет и македонската олимписка делегација Рио 2016, упатува најискрено сочувство до семејствата на загинатите граѓани од силното невреме кое ја зафати Република Македонија. Македонското знаме во Олимпиското село е на половина копје. Македонскиот олимписки комитет упатува апел до сите граѓани да се јават на телефонскиот број 143400 и сите заедно да им помогнеме на настраданите од поплавата“ – објави МОК на својот Фејсбук профил.

makedonsko zname Rio polovina kopje