Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЗапалени македонски знамиња на Косоо поради пресудите за „Диво насеље“

Запалени македонски знамиња на Косоо поради пресудите за „Диво насеље“

Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за казните во случајот „Диво Насеље“, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно биле запалени македонски знамиња, пренесоа српските медиуми, јавува „Мета“.

„Поради револт за неправдата сторена против нашите херои од словенската марионетска држава го запаливме вечерва нивното знаме, тука пред споменикот на легендарниот Агим Рамадани – Катана во Гњилане. Ги повикуваме сите албански државници да се спротивстават на ова и да го заштитат албанскиот народ во Илирија. Албанија ќе го стори тоа”, порачаа од навивачката група „Соколи“ во Гњилане.

Кривичниот суд во Скопје вчера им изрече седум доживотни казни затвор, 13 казни по 40 години затвор, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди на обвинетите за настаните во кумановското Диво Насеље во мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

Ова не е прв пат македонското државно знаме да биде запалено во Косово.

Македонското знаме беше запалено пред македонската амбасада во Приштина за време на протестите по пресудата за случајот „Монструм“, на почетокот на јули 2014 година. Тогашната претседателка на Косово, Атифете Јахјага го оцени како „неприфатлив“ ваквиот чин и побара од полицијата и правосудните органи да ги откријат сторителите.

Една година подоцна државното знаме на Република Макединија беше запалено за време на кошарски натпревар во Пеќ. Инцидентот се случи на 15 мај 2015 година, само неколку дена по настаните во кумановско Диво насеље.