Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМакедонското малцинство во Албанија ќе си ги добие своите права – Влада прифати посебен закон

Македонското малцинство во Албанија ќе си ги добие своите права – Влада прифати посебен закон

Министерството за надворешни работи на Албанија организираше состанок со преставници на малцинствата во Албанија, со цел подобрување на законската регулатива за малцинствата преку изготвување на посебен закон кој, албанската влада по барање на Европската Унија прифати да го донесе.

Со него треба да се регулира признавањето на македонското и другите малцинствата на целата територија на Албанија, односно да се овозможи образование на македонски јазик каде што живеат Македонците.

– Законот треба да обезбеди загарантирани места во албанскиот парламент за малцинствата, правична застапеност во локалната, централната власт и јавната администрација, посебен фонд за развој и заштита на македонската култура и традиција, посебен буџет за развој на областите каде што живеат Македонците во Албанија, како и реорганизација на државниот Комитет на малцинствата, со регулирање и на други прашања поврзани со правата на малцинствата – вели генералниот секретар на Македонската алијанса за европско интегрирање, Васил Стерјоски.

Неколку години наназад, македонското и другите малцинствата во Албанија бараа да се донесе ваков закон.

извор:Мета