Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМакедонскиот ас Алиоски сруши рекорд за најбрз хет-трик во Лугано

Македонскиот ас Алиоски сруши рекорд за најбрз хет-трик во Лугано

Македонскиот фудбалски интернационалец Езџан Алиоски за рекордно време во рок од само 8 минути постигна хет-трик за неговиот тим Лугано против Сион на натпревар од швајцарското првенство.

Инаку, првиот гол Алиоски го постигна во 17. минута од пенал. Две минути подоцна од игра го зголеми резултатот на 2:0, а во 25. минута, повторно од пенал, Алиоски стрелаше за 3:0. Се смета дека ова е најбрзо постигнатиот хет-трик во историјата на швајцарското првенство.

Со овој хет-трик, Алиоски се зацврсти на второто место на листата на стрелците во Швајцарија со 13 погодоци.