Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИзрешетан репрезентативец на Панама

Изрешетан репрезентативец на Панама

Фудбалскиот репрезентативец на Панама, Амилкар Енрикез, е изрешетан во близина на градот Нуево Колон, соопшти британскиот „Мирор“. Тој бил жртва на престрелка од автомобил, при што веднаш им подлегнал на повредите. Амилкар Енрикез беше член на тимот Арабе Унидо. 33-годишниот фудбалер по инцидентот бил одведен во болница во Сабанитас, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

„Искажуваме сочувство за смртта на нашиот репрезентативец Амилкар Енрикез“, стои на официјалната страница на Фудбалската федерација на Панама.

Триесет и тригодишниот играч за врска беше член на панамската репрезентација од далечната 2004 година, а во изминативе 13 години насобра вкупнно 75 настапи за националниот тим кој експресно искажа жалење за ужасната вест. Последниот натпревар тој го играше на 28 март оваа година, кога дуелот со селекцијата САД заврши 1-1.