Sunday, May 12, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМакедонски репрезентативец направи трансфер во Серија А!

Македонски репрезентативец направи трансфер во Серија А!

Репрезентативецот на Македонската фудбалска селекција, Илија Несторовски направи трансфер во италијанската Серија А, односно во клубот на Палермо. Несторовски ја доби својата работна виза во Италија и го официјализираше трансферот. Несторовски со Палермо потпиша уште во јануари оваа година, но ја заврши сезоната со Интер Запрешиќ по што се пресели во италијанскиот клуб.

И покрај тоа, се уште постоеја дилеми околу тоа дали Несторовски ќе добие работна виза во Италија и дали ќе може да настапува за Палермо, но трансферот денес и официјално беше потврден од италијанската Серија А. Сега Несторовски ќе може да биде на располагање на тренерот и за официјални натпревари, па наскоро се очекува и негов деби настап во новиот клуб.