Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАМакедонија влезе во жолта фаза-пунктови за бесплатни прегледи во 33 градови

Македонија влезе во жолта фаза-пунктови за бесплатни прегледи во 33 градови

 

Македонија влезе во жолта фаза. Температури до 40 степени и УВ индекс кој достигнува вредност 9 ќе бидат актуелни следниве денови.

Да се избегнува физичка активност од 11 до 17 часот, да не се излегува на сонце и да се употребува лесна храна и многу течности. Граѓаните треба да носат лесна облека, а постарите лица редовно да ја земаат својата терапија. Доколку пак се излегува на сонце, да се одмора под сенка или во некоја климатизирана просторија и со себе да се носи вода.-препорачува Министерството за здравство.

Во соработка со здравствените домови и со Црвениот крст  во 33 градови  ќе бидат поставени пунктови за бесплатни превентивни прегледи кои ќе се вршат секој ден од 18:30 до 21:30 часот. Ќе се мери крвен притисок и ќе се даваат совети за превенција од топлото време, но и за здрав начин на живот.

Во Скопје ,Црвениот крст ќе дели флаширана вода и ќе им помага на беспомошните граѓани и на бездомниците.

 

Важна е и индивидуалната свест на граѓаните за соодветна заштита од топлотниот бран кој ја зафати Македонија