Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонија конечно доби национално здружение на сомелиери

Македонија конечно доби национално здружение на сомелиери

Македонија конечно доби национално здружение на сомелиери. Винската земја ќе има една ваква организација која ќе работи по програма на една од најважните и најголемите сомелиерски асоцијации во светот, италијанската AIS ( Associazione Italiana Sommelier).

Едукација на угостителско – туристичкиот персонал за виното и неговата магија е една од суштинските цели на Здружението на сомелиери на Македонија. Ова ќе придонесе за попрофесионално и попрофитно работење.

Здружението претставува еден вид на мост помеѓу винариите и крајните конзументи во угостителско. Програмата треба да резултира во подигање на квалитетот на услугата во угостителството како и развој на винската култура преку квалитетен вински сервис, правилен избор на фини вина и комбинирање со храна. Оваа взаеман корист беше алка која долго време недостасуваше во македонското угостителство.

Наредната недела за прват во Македонија ќе се одржи обука за сомелиери ниво 1 од страна на потпретседателот на AIS Роберто Белини кој важи за еден од највлијателните сомелиери во Италија. Обуката ќе се одржи во конференциската сала на ресторанот „Воденица“ во Скопје и ќе трае 5 дена по 7 часа дневно.