Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија е заложник на евтини тргувачи со популизмот, смета Арифи

Македонија е заложник на евтини тргувачи со популизмот, смета Арифи

Македонија во моментот е заложник на една нереална и навидум демократски некоректна тенденција од одредена група на луѓе во физичка форма на политичари и евтини тргувачи со популизмот, кои нивните внатрешни проблеми и стравови се трудат да ги претстават како „патриотска битка“ за зачувување на државата од еден виртуален непријател, вели во интервју за Дојче веле, Теута Арифи, градоначалник на Тетово и потпретседател на ДУИ.

– Во политичката историја и литература тоа е веќе конзумирана и повеќе пати исчитана теза, карактеристична за одредени тоталитарни политички елити, кои се загубени во нивната себична потреба за власт, која никогаш не била рамна на нивниот интелектуален капацитет. ДУИ во моментот е во постојан контакт за изнаоѓање мирна и демократска форма на десјтвување, со која ќе се овозможи мирно и функционално предавање на власта, без какви било последици врз стабилноста и демократскиот поредок на земјата. Нашето заедничко политичко дејствување со новото парламентарно мнозинство подразбира што поскоро формирање на реформска влада, порака која повеќе пати ни беше јасно кажана од нашите партнери ЕУ и САД – вели Арифи.