Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛП: Говорот на уплашениот Груевски се однесува на изборите од 2008 до 2014 година

ЛП: Говорот на уплашениот Груевски се однесува на изборите од 2008 до 2014 година

„Последниот долг говор на збунетиот и уплашен Груевски не се однесува на овие избори. Човекот зборуваше за своето искуство, за она што правел на изборите во 2008, 2009, 2011, 2013 и во 2014 година“, порача Либералната партија во соопштение, во кое ги оценува изборите како фер и демократски, додавајќи дека нема основа за непризнавање на резултатите од која било партија.

„Либералната партија на граѓаните им го честита успешното завршување на локалните избори. Разбирливи се незадоволствата на тие што не ги остварија резултатите што ги очекувале, но нема елементи да се оспорува легитимитетот на изборите. Оценките на домашните набљудувачи се дека изборите се фер и демократски, со помали нерегуларности кои не влијаеле на резултатот. Според тоа, нема основа за непризнавање на изборните резултати од чија било страна. Изборите се готова работа и затоа Либералната партија им го честита изборот на сите нови градоначалници“, се вели во соопштението.