Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛевица: Пратениците им приредуваат политички магли и замајувања на граѓаните

Левица: Пратениците им приредуваат политички магли и замајувања на граѓаните

Партијата Левица денеска ги повика пратениците во Собранието да се вразумат и да почнат да работат во интерес и за доброто на граѓаните.

„Згрозени сме од несериозното однесување на народните избраници во Парламентот. Левица бара од пратениците да се вразумат и конечно да почнат да работат во интерес на огромното мнозинство осиромашени и обесправени граѓани! Граѓаните очекуваат час поскоро да почувствуваат подобрување на нивната економска состојба, а наместо тоа пратениците им приредуваат политички магли и замајувања. Додека им траат одолговлекувањата, надмудрувањата и меѓусебните препукувања во Парламентот, граѓаните се мачат да врзат крај со крај и се’ повеќе осиромашуваат“, стои во соопштението.

Од партијата оценуваат дека ниту неодамна објавениот „патоказ“ на ВМРО ДПМНЕ ќе помогне за да се надмине ќорсокакот во кој се наоѓа Македониа, а ниту пак предлогот на ДУИ и СДСМ за собраниски спикер, Талат Џафери, е во насока да добие функционален Парламент.

„Пратеници, имајте на ум дека довербата што ви ја дадоа граѓаните на изминатите избори не е трајна! Досега, со ништо не ја оправдавте! Ниту имавте доблест да ги донирате трите дебели незаработените плати, а ниту пак откако седнавте во собраниските фотелји нешто сработивте во интерес на народот!“, стои во соопштението од Левица.