Sunday, Apr 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛестер тргнува по уште еден одличен офанзивец!

Лестер тргнува по уште еден одличен офанзивец!

Рикардо Сапонара е само уште еден во низата на фудбалери кои се на „мета“ на актуелниот англиски шампион Лестер Сити. Лестер утре ќе го одигра својот прв официјален натпревар во новата сезона, противник е Манчестер Јунајтед во рамките на Комјунити Шилдот. До почетокот на шампионатот има само уште една недела, се уште не е касно да се доведат нови засилувања, а едно од тие би можел да биде и Рикардо Сапонара.

rikardo Saponara

Овој офанзивен везист се наоѓа на мета на Клаудио Раниери, но не е еднствениот кој го посакува. Покрај Лестер, Наполи и Бетис исто така се во игра за доведување на овој 24-годишен фудбалер на Наполи чија вредност се проценува на околу 20 милиони евра. Останува да видиме дали со ова значи дека Лестер бара замена за Ријад Марез, за кој се шпекулираше дека би можел да направи трансфер во Арсенал.