Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЛегијата на странци привлекува илјадници со темно минато

Легијата на странци привлекува илјадници со темно минато

Темната мистерија привлекува илјадници регрути во Легијата на странците на Франција секоја година. Без оглед дали се легално или нелагално пристигнати во Франција секој може да аплицира за обука надевајќи се дека ќе стане дел од елитната војска кој два века учествува во борби ширум светот.

French-Foreign-Legion2

За легијата често се поврзани многу митови дека е полна со убијци и силувачи од целиот свет кои бегаат од лицето на правдата и се регрутирани со лажен идентитет и чистење на нивното темно минато. Денес елитната војска има многу повисоки стандарди и учествува во активностите на Интерпол за пријавување на осомничени криминалци за тешки кривични дела, по што следат и апсење. Во единицата на легионери може да поминат личности со проблематично минато но, се врши детална истрага и се прават безбедносни провери.

French-Foreign-Legion3За да се задржи високо ниво на борбеност само еден од осум кандидати ја поминува обуката и станува дел од елитата. Тренинзите се напорни, исцрпувачки и го вадат најдоброто од канидатите кои потоа се обврзуваат на повеќегодишен договор за служба на интересите на Париз. По пет години војниците имаат право на француско државјанство или порано доколку бидат ранети во битка.