Saturday, May 4, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЕрик Клептон: Незнам уште колку долго ќе можам да свирам

Ерик Клептон: Незнам уште колку долго ќе можам да свирам

Блуз легендата и еден од најдобрите гитаристи на планетата, Ерик Клептон вели дека оштетувањето на нервниот систем му го отежнува свирењето на гитара. „Можам и понатаму да свирам, но тоа ми претставува голем напор“, вели Клептон. Ерик Клептон стана синоним за виртуоуз на гитара.

На листата од 10 најдобри гитаристи, која ја објави магазинот „Rollingstone“, Клептон се најде на второто место, веднаш зад најдобриот гитарист на сите времиња Џими Хендрикс. Еден од великаните Еди Ван Хејлен во една прилика напиша дека Клептон бил всушност единствениот гитарист кој влијаел на него.

Ерик Клептон

Клептон можеби не е најбрз, но секако е еден од најчувствителните музичари, познат по своите мелодични соло блуз парчиња. Има 17 Греми награди и е единствениот музичар кој три пати бил примен во куќата на славни на Рокенрол музиката.

За жал, неговата импресивна кариера нема да трае уште долго. „Имав ужасни болки во долниот предел на рбетот. На крајот излее дека е во прашање периферна неуропатија“, изјави музичарот. Вели дека му било многу тешко да го прифати тоа, но дека на крајот сфатил дека така стојат работите и дека нема да се променат.

Сепак, великанот признава, дека во однос на тоа како живот живеел вистинско чудо е што и понатаму е жив. „Покрај сите работи кои ги имам поминато, вистинско чудо е што и понатаму сум овде“, истакна Клептон, кој неодамна го издаде својот 23 албум „I still do“.