Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛДП: Граѓаните од поплавените подрачја не треба да бидат заборавени – сè уште имаме обврски

ЛДП: Граѓаните од поплавените подрачја не треба да бидат заборавени – сè уште имаме обврски

Граѓаните од Скопје и околината кои настрадаа во ланските поплави не треба да бидат заборавени ниту од институциите, ниту од хуманите граѓани. За жал, дури и по девет месеци од водената стихија, добар дел од нив се оставени сами да се снаоѓаат и да си ги решаваат проблемите и последиците од уништените домови.

„Членови на Градската организација на Либерално-демократската партија, заедно со пратеничката Јулијана Николова, по повод велигденските празници посетија семејства зафатени од поплавите од селото Стајковци. ЛДП преку посетата сака да ги потсети надлежните институции, кои се сѐ уште раководени од техничката влада, дека имаат законска и морална обврска за помош во овие подрачја и засегнатите граѓани не смеат да бидат оставени без поддршка“ велат партијата.

Во соопштението се наведува дека им додели мала помош на дел од семејствата кои беа зафатени со поплавите и оти се навдеваат дека ќе им се подобрат животните услови.

„Ние знаеме дека на овие наши сограѓани им е потребна помош и поддршка за да го вратат својот живот на нормалниот колосек. Затоа хуманоста мора да се изразува секојдневно“, се наведуваво соопштението на ЛДП.