Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиЛадно пиво и добра музика, пет дена „Пиволенд“ на скопско Кале

Ладно пиво и добра музика, пет дена „Пиволенд“ на скопско Кале

Од 31 август до 4 септември во Скопје, по деветти пат ќе се одржи „Гурманскиот викенд со пиво- Пиволенд“ на старата локација на скопското Кале.

Посетителите пет дена ќе имаат можност да уживаат во дегустација на многу видови пиво, гурмански деликатеси и над 100 музички настапи на три фестивалски бини.

Од организацијата ветуваат многу забава, музика и добро пиво, како и голем број забавни активности кои ќе придонесат за подобра фестивалска атмосфера.