Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиЛадно пиво и добра музика – еве кој ќе ве забавува на „Пиволенд“

Ладно пиво и добра музика – еве кој ќе ве забавува на „Пиволенд“

Од 31 август до 4 септември, Скопското Кале ќе биде збирно место на сите љубители на пивото и добрата забава. „Пиволенд“ и оваа година ќе се погрижи да ја вжешти атмосферата во Скопје по завршувањето на летните одмори. Од организацијата откриваат дел од изведувачите кои ќе се погрижат за одлична атмосфера.

Ќе се потсетиме на старите хитови на „Студени нозе“, ќе ја пееме во еден глас „Туѓа си бескрајно“ со Ефто Пупиноски, ќе не фати носталгија со „Рибља Чорба“, а ќе ги чуеме и „Трибјут ту Колдплеј“, енергична рок музика од светските топ листи.

На фестивалот ќе може да се дегустираат над 150 видови пиво од сите страни на светот, по промотивни фестивалски цени.

Покрај музичкиот и гастрономскиот дел, во текот на петте фестивалски денови предвидени се и многу забавни активности за сите посетители.

Во склоп на фестивалот ќе има три бини, од кои едната ( Bla Bla & Music Circle) традиционално е резервирана за млади македонски артисти од сите музички жанрови кои сакаат да се промовираат пред домашната публиката.

За да земете учество на Пиволенд 2016, треба да ги испратите вашите демо снимки на мејлот blabla.televizija@gmail.com, како и на фaн пејџот на Music Circle.