Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЌучук: Местото на опозицијата е во парламентот, изборите беа легитимни

Ќучук: Местото на опозицијата е во парламентот, изборите беа легитимни

Иако во тешки услови на пандемија со КОВИД-19 изборите кои неодамна се одржаа во Македонија се легитимни и сите политички фактори треба да учествуваат во работата на институциите, особено во периодот кој следи на започнување на преговорите за членство во ЕУ.

Ова го вели во ексклузивно интервју за весникот КОХА известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Илхан Ќучук. Ставајќи посебен акцент на предупредувањата на албанската опозиција за бојкотот на институциите за кои се очекува да ги води СДСМ-БЕСА-ДУИ, тој вели дека местото на опозицијата е во парламентот.

„Верувам дека Република Северна Македонија одржа фер и легитимни избори во исклучително тешка ситуација на глобална пандемија. Граѓаните на земјата го искористија своето политичко право да одлучат кој ќе ја води Северна Македонија низ основните фази на сложени преговори за пристапување во ЕУ “, изјави известувачот на ЕП Ќучук за KOHA, при тоа навраќајќи се на улогата на бугарската опозиција во времето кога официјална Софија стана дел од ЕУ.

„Од личното искуство во Бугарија, можам да ви кажам дека во текот на овој процес опозицијата може да игра многу конструктивна и позитивна улога, но не со бојкот на демократските институции. Местото на опозицијата е во парламентот”, рече Ќучук