Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривична пријава за командантот на ПЕП – не ги запишал одработените работни часови на припадниците на единицата

Кривична пријава за командантот на ПЕП – не ги запишал одработените работни часови на припадниците на единицата

Независниот синдикат на Полицијата поднесе кривична пријава против командантот на Единицата за обука и поддршка за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Несовесно работење“ и „Повреда на правата од работен однос“. Од синдикатот велат дека командантот со своето работење нанел материјална штета на припадниците на оваа единица.

„Командантот во последниот извештај не ги запишал одработените работни часови на припадниците на ПЕП за период од месец март 2014-та до март 2017-та на начин предвиден со закон, со што директно ги оштетил вработените“ – рече Гоце Делчев Тодев.