Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет„Отсечена“ една од главите на ИСИС, потврдена смртта на Ал Шишани

„Отсечена“ една од главите на ИСИС, потврдена смртта на Ал Шишани

Џихадистите на ИСИС и официјално потврдија дека загинал Омар ал Шишани со алијас Чечен еден од нивните главни водачи задолжен за планирање на воените операции. Агенцијата Амак која е поврзана со Исламската држава, објави дека Омар ал Шишани бил убиен во ирачкиот град Шарка, каде се борел против ирачките сили кај Мосул, град кој е главно упориште на џихадистите во северен Ирак.

Инаку, информации за смртта на Омар ал Шишани беа објавени уште во март, кога Пентагон соопшти дека тој починал од повредите со кои се здобил како последица на воздушен напад на американсиите сили во североисточна Сирија.

Ал Шишани бeше еден од најистакнатите команданти на ИСИС, а САД нудеа награда од пет милиони долари за информација која би придонела за негова ликвидација или апсење.