Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаKривична пријава против напаѓачот на Тодоров

Kривична пријава против напаѓачот на Тодоров

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против 60-годишниот Љупчо Стојановски од велешкото село Каласлари, поради основан сомнеж дека вчера пред Министерството за здравство, со употреба на огнено оружје, пиштол, врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, го сторил кривичното дело „убиство во обид“, соопшти МВР.

Во соопштението се наведува дека таткото на Тодоров и сооопштил на полицијата дека Стојановски вчера наутро во периодот меѓу 8.15 и 8.45 часот, се појавил на домашната адреса на поранешниот минитер, барајќи да се види со него.

На местото на настанот од страна на СВР Скопје-ЕУМНА е извршен увид и подигнатиот материјал – еден пиштол и други предмети, е доставен за понатамошна обработка, а пријавениот по укажаната лекарска помош е задржан во полициска станица. Во дадената изјава пред полициските службеници од Единицата за насилен криминал, Љ.С., во присуство на адвокат го искористил правото на молчење.