Sunday, May 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКристина Агилера новата песна ја посвети на жртвите во Орландо

Кристина Агилера новата песна ја посвети на жртвите во Орландо

Дологоочекуваната песна на Кристина Агилера конечно е објавена, а пејачката ја искористи приликата и ја посвети на жртвите во трагичниот инцидент минатиот викенд во Орландо. Агилера објави емотивна балада со назив „Change“ која ја посвети на жртвите во несреќата во Орландо кога во геј клубот „Пулс“ беа убиени 50 лица, а 53 беа повредени.

Целата заработка од оваа песна Кристина ќе ја поклони на семејствата на починатите. „Испраќам љубов и молитви кон жртвите и нивните семејтва. Како и многу други, сакам да помогнам и да бидам дел од промената која на овој свет му е потребна за да биде место каде луѓето ќе можат да се сакаат слободно и страсно без никаков исклучок“, додаде американската пејачка.