Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Ќосињата“ протестирале пред полициска станица – На разговор повика Горан Ангелов

„Ќосињата“ протестирале пред полициска станица – На разговор повика Горан Ангелов

Од МВР информираат дека во 09,30 часот пред полициската станица Кисела Вода се собрале 25 граѓани од Здружението „Ќосето“ затоа што од одделението за насилен креминал во ПС на разговор е повикан Горан Ангелов, еден од нивните предводници.

goran angelov

Ангелов беше меѓу најгласните на социјалните мрежи за пресметка со „предавниците“ односно пратениците на СДСМ кои наводно ги изневериле македонските интереси правејќи коалиција со албанските партии. По крвавите настани во Собранието Ангелов побара од претседателот Иванов да донесе амнестија за сите учесници во инцидентите бидејќи тие наводно биле херои и се бореле за заштита на македонските интереси.