Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаКошаркарите на „Тирана“ не се шегуваат со резултатот: 207-42

Кошаркарите на „Тирана“ не се шегуваат со резултатот: 207-42

Коршаркарскиот клуб Тирана со резултат кој ќе го сфатите како шега. Вчера во рамките на 20. коло од албанската Суперлига, моменталниот лидер Тирана пред своја публика го пречека тимот на Фљамуртари и го порази со неверојатен резултат од 207-42. Дури девет кошаркари од тимот на Тирана беа двоцифрени, од кои шест со постигнати над 20 поени.

За потсетување, Тирана која на неколку наврати годинава ја гледавме во нашата држава поради настапите во БИБЛ, на стартот од сезоната од клупата ја предводеше нашиот стратег Слободан Петровски, а неговиот син Лука настапуваше за екипата.