Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТирана: Платформата се користи како изговор за кризата

Тирана: Платформата се користи како изговор за кризата

По насилните настани во Собранието се огласи и официјална Тирана. Министерката за одбрана на Албанија, Мими Кодели вели дека Албанците никогаш не биле, ниту ќе бидат пречка за развојот на Македонија, напротив тие силно се борат за што подемократска Македонија.

“Оваа блокада, како што разбирам, ќе продолжи уште некое време и тоа е само на штета на иднината на Македонија, но ова нема ништо со албанската платформа. Ова се однесува на ситуација која како и насекаде, велам во земјите со млада демократија и лесно ранливите, има проблеми и продолжува да има проблеми. Посакувам што е можно побрзо да се реши ова прашање. Ќе повторам, со верувањето дека албанската платформа и партиите што ги претставуваат Албанците таму ќе знаат да го задржат вистинскиот став како што им доликува на Албанците во историјата” – вели Мими Кодели

Алдо Бумчи од Демократската партија, смета дека кризата во Македонија не настанала како меѓуетничка криза, туку како криза на демократија, каде што владата се обидува да го укине просторот на слободата, додека пак опозицијата се чувствува маргинализирана.

“Дефинитивно, во ситуација во каква што се наоѓа Македонија секој може оваа криза да ја претвори во меѓуетничка за да придобие политички поени, но генезата, изворот не е во меѓуетничкиот фактор. Знам дека Тирана се користи како фактор, како изговор за не наоѓање на решение за кризата. Мислам дека овие изговори иако се користат за домашна политичка употреба, не се решение. Порано или подоцна главните политички актери во Македонија ќе треба да најдат решение за кризата“ – изјави Алдо Бумчи, Демократска Партија на Албанија