Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Осуда за изјавата на Лата дека Дебар станува населба на Тирана

СДСМ: Осуда за изјавата на Лата дека Дебар станува населба на Тирана

СДСН упати осудува кон провокативната реторика во изјавата на градоначалникот на општина Дебар Ружди Лата, која не е во духот на заедништвото, интеграцијата и меѓусебното почитување на граѓаните.

– Избраните  и именуваните функционери мора да бидат свесни за одговорноста што ја имаат пред Уставот, законите и граѓаните на Република Македонија. И Лата, како и сите други носители на државни функции мора да работат единствено во интерес на граѓаните и секоја изјава, секој искажан збор и секое направено дело мора да биде исклучиво во интерес на граѓаните, што не е случај со последната изјава на Лата.

Ваквите јавни настапи одат во прилог само на оние кои креираат поделби и работат на поттикнување раздор и нетрпеливост, спротивно на европските вредности и демократските стандарди за коишто се заложуваме, велат од СДСМ.