Saturday, May 18, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКонцерт во чест на Принц на 13 октомври во Минеаполис

Концерт во чест на Принц на 13 октомври во Минеаполис

Семејството на починатиот американски музичар Принц најави концерт во негова чест на 13 октомври во Минеаполис. Концертот ќе биде одржан на стадионот во родниот град на славниот музичар, а продажбата на влезници за овој концерт ќе започне од следниот месец, додека првите имиња на изведувачите ќе бидат наскоро објавени.

Princ

„Возбудени сме што ќе ги собереме сите во славењето на музиката на Принц и неговото наследство. Нема подобро место за тоа од неговиот роден град Минеаполис“, најавија членовите на семјеството на популарната музичка ѕвезда. Принц почина во својот стан во Пејзли парк во Минеаполис на 21 април на 57-годишна возраст поради предозирање од лекови против болки.

Мадона и Стиви Вондер ги посветија своите настапи на легендарниот музичар за време на доделувањето на Билборд музичките награди, додека Ди Анџело Шеила Е, The Roots и Жанел Моне учествуваа во настапот посветен на Принц на доделувањето на БЕТ наградите во јуни. Во меѓувреме, семејството на Принц најави дека паркот Пејзли ќе биде претворен во музеј.