Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоневски заработи прекршочна пријава затоа што повторно ставил “флешери“

Коневски заработи прекршочна пријава затоа што повторно ставил “флешери“

Екс градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски вчера заработи прекршочна пријава откако е запрен од сообраќајната полиција бидејќи на предниот дел од неговиот автомобил „БМВ“ имал поставено „флешери“ (црвено- сини), пренесе Нова ТВ.

Контролата е направена додека тој доаѓал на вчерашниот фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Скопје.

Притоа флешерите му се извадени.

Пред една недела, Саше Ивановски на својот портал Мактел објави видео интервју со Коневски, на кое се гледа како на автомобилот има флешери.

Од МВР подоцна информираа дека е извршена контрола на возилото на тогаш се уште градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, при што е утврдено дека т.н. флешери веќе не се поставени на него, односно сопственикот самиот ги отстранил.