Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоневски: Ја повикувам опозицијата на јавна дебата, доста шират невистини

Коневски: Ја повикувам опозицијата на јавна дебата, доста шират невистини

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски смета дека опозицијата го злоупотребува процесот на носење на новиот ДУП за изградба на згради за политички цели кој се води легално и им порача да излезат на јавна дебата и да ги спротистават аргументите.

-Повик до опозицијата! Со оглед на непрекинатото ширење невистини во јавноста за наводното уништување на зеленилото во Општина Аеродром, Ве поканувам на јавна дебата на телевизија што Вие ќе ја одберете најтранспарентно да ги спротивставиме аргументите за граѓаните сами да можат да ја согледаат јасно вистината за мојата и работата на Општината Аеродром и на тој начин да ставиме крај на грубите дезинформации и манипулации што секојдневно ги ширите во јавноста за свои очигледни политички цели.Ивица Коневски, порача градоначалникот на Аеродром.