Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКолку Талибанци пребегале досега во Германија?

Колку Талибанци пребегале досега во Германија?

Постои страв дека огромен број на Талибанци влегле во Германија во последните две години, пишува Der Spiegel реку мигрантските бренови. Информациите на Германската федерална служба за миграција и бегалци (BAMF) покажува дека поранешни кадри на паравоеното авганистанско движење искористеле од огромниот прилив на бегалци, кој се упати кон Германија по почетокот на конфликтот во Сирија.

Федералната служба истакнува дека илјадници мигранти се идентификувале како поранешни талибанци при процесот на аплицирање за азил. Најмалку 70 Авганистанци беа истражувани од федералното обвинителство, но не е јасно дали сите се осомничени дека се активни талибански борци.

Владата на канцеларката Ангела Меркел е подложена на притисок дека им овозможила на толку многу мигранти да се сместат во Германија и да добијат статус на бегалци. Околу 55% од Авганистанците добиле статус на бегалец во Германија, додека 45% биле одбиени.